СЕ ИЗДАВА 2-СОБЕН СТАН 40м2 ВО КИСЕЛА ВОДА

СЕ ИЗДАВА 2-СОБЕН СТАН 40м2 ВО КИСЕЛА ВОДА
ул. Емил Зола
Издавање 230€ - Стан - издавање, Станбен Простор - издавање
RH-32789-property 40 1 Спални 1 Бањи 1 Гаражи

Се издава комплетно наместен двособен стан (со посебна спална) во мирна улица на почетокот на Рампа-Кисела Вода во близина на Flatiron Адора. Станот е со површина од 40 м2 на 3 кат од 4 со лифт. Целиот стан е со југоисточна ориентација и со отворен поглед кон Водно што го прави пријатен и светол. Станот е приклучен на градско парно БЕГ топлификација и е крајно економичен за загревање (месечна сметка за топлификација е 850 денари). Станот е со добра звучна и топлинска изолација и во нова зграда со прекрасно одржување и тивки соседи и до сега не се издавал. Станот има комфорна дневна соба со кујна и трпезарија, една спална соба, комфорна бања и тераса. Станот е опремен со flat LG TV, Samsung фрижидер, нов неупотребуван шпорет со стакло-керамичка плоча, Beko машина за алишта, нов бојлер со титаниумски казан и клима уред Max. Станот е штотуку комплетно варосан, килимите испрани, климата дезинфицирана, каучите и спалната третирани со длабинско хемиско чистење и е безпрекорно чист. Станот поседува сопствено паркинг место кое се наоѓа во задниот дел на зградата зашитен со посебна роло врата на далечинско.

Во непосредна близина се едни од најдобрите основни училишта “Партненија Зографски” (200 метри), „Кузман Јосифовски – Питу“ (400 метри) и градинката „Весели Цветови“ кај Шампионче (200 метри). Опкружувањето е тивко бидејќи зградата не е на главна улица, а преку улица има игралиште за деца. Во непосредна близина на зградата има продавница за готови јадења, а на растојание од само 50 метри има затворен зелен пазар Стара рампа, ДМ, Фитнес центар, Зегин, две амбуланти, три стоматолошки ординации, бербер, неколку фризерски салони, пошта, книжара, слаткара, пекара, бурекџилница, седвичара и две банки (НЛБ и КБ). Во непосредна пешачка зона има Веро, Зур маркет и Рептил маркет. Идеално е за вработени во Министерството за внатрешни работи и Државниот завод за ревизија (палата „Емануел Чучков“) или за доктори/специјализанти од Клинички центар.

Локацијата на станот е на само 900 метри од Собрание и Порта Македонија.

ШИФРА 6483

************ БЕЗ ТРОШОЦИ ЗА
АГЕНЦИСКА ПРОВИЗИЈА *************

На следниот линк можете да ја видите целата понуда на наши огласи:

www.novagrup.com.mk
www.facebook.com/novagrup0

Aerodrom centar kisela voda rasadnik karpos kozle taftalidze avtokomanda кисела вода аеродром центар расадник карпош козле тафталиџе автокоманда


Карактеристики

Мапа

Слично

Спореди

Спореди
Можете да споредете само 4 огласи.