СЕ ИЗДАВА 2-СОБЕН СТАН 48м2 ВО АЕРОДРОМ

СЕ ИЗДАВА 2-СОБЕН СТАН 48м2 ВО АЕРОДРОМ
ул. Коста Новаковиќ
Издавање 243€ - Стан - издавање, Станбен Простор - издавање
RH-57351-property 48 1 Спални 1 Бањи 1 Гаражи

Стан во Аеродром во “зелената зграда” спроти поликлиниката “Јане Сандански” и црквата “Св. Илија”.
Станот се наоѓа на 3ти спрат, со лифт и широки пристапни скалила. Станот е целосно наместен и располага со мал влезен хол опремен со шкаф чевларник, огледало и дел за прикачени јакни. Дневната располага со аголна нова гарнитура, нов телевизор, клима и гардеробер, а кујната е целосно опремена со електричен шпорет, топла вода, фрижидер, аспиратор и полуопременост од страна на прибор за јадење, чинии, тенџериња, чаши и сл. Помеѓу нив има трпезариска маса со соодветна големина за просторот. Спалната соба е опремена со француски лежај, работна маса, тв комода и комода на тркала за документи, како и огромен плакар за облека. Купатилото е опремено со нова машина за веш, бојлер, ормарче за средства за чистење и сл, како и огледало со ормарче и туш кабина целосно нова. Двете соби се со излез на тераса, која има поглед кон водно. Опремен е станот и со теписи, кречен, исчистен и целосно дезинфициран.
Зградата е во централниот дел на стар Аеродром. Атрактивна локација, раздвижена околина како и во блиската околина на самата зграда бидејќи има огромен број на дуќани, фризерници, клиника, аптеки и сл. Блиску до градинка и основно училиште, а има и брз пристап (3мин) до бул. Јане Сандански и бул. 3-та Македонска бригада при што има доста брз пристап до постојќи и јавен превоз. На 15 минути пешки до строг ценатар. Екстра блиску до познатите кафулиња и ресторани како што се “Еквилибриум”, “Блок кафе”, “Палма” и сл., а во енормна близина се буквално сите маркети. Зградата е мирна и тивка во кој било период од денот или ноќта, комшиите се одлични и љубезни. Станот од 3 страни е самостоен, а четвртата страна е половина самостојна, а другата половина е спој на кујните од двата стана при што гарантираме за мир во станот и тишина и покрај одличната звучна изолација.

СТАНОТ Е ВЕДНАШ ВСЕЛИВ.

ШИФРА 8218

*********** БЕЗ ТРОШОЦИ ЗА
АГЕНЦИСКА ПРОВИЗИЈА ********

На следниот линк можете да ја видите целата понуда на наши огласи:

www.novagrup.com.mk
www.facebook.com/novagrup0

Aerodrom centar kisela voda rasadnik karpos kozle taftalidze avtokomanda кисела вода аеродром центар расадник карпош козле тафталиџе автокоманда

Карактеристики

Мапа

Слично

Спореди

Спореди
Можете да споредете само 4 огласи.