Издавање 290€ - Стан - издавање, Станбен Простор - издавање
Станот е на одлична локација, меѓу Универзалната сала и Католичката црква во Скопје, на мала пешачка дистанца од сите поважни локации и институции во градот, а истовремено е блиску и до станица за користење јавен превоз. Во непосредна близина на станот има повеќе супермаркети, градинка, училиште и амбуланта.
Зградата е изградена пред 10 години, во одлична состојба, со лифт, а станот е со две одделни спални соби, голем дневен престој со трпезарија и кујна, ходник и мал балкон и се наоѓа на втори кат. Еден од ретките станови во Скопје со ваква квадратура која е економично и правилно искористена за две одделни спални соби коишто овозможуваат комфорност и приватност. Има централно парно и веќе поставена инсталација за интернет и телевизија.
Локациски, не е изложен на улица, ниту пак е опкружен од локали со бучава, со што е одличен за корисници на кои им значи мирот и тишината во домувањето.
Погоден е и за семејно, и за студентско домување, особено поради неговата опременост која ги задоволува сите потреби за комфорно и удобно живеење. Покрај опременоста со мебел кој претходно не е користен за изнајмување, опремен е и со:
– машина за перење (како и целосно опремено купатило) и
– комплетен кујнски инвентар во обем и за секојдневно домување и за семејни прослави (истовремено, предвиден е простор за ваш инвентар, доколку имате потреба од тоа).
Мебелот (од фотографиите) вклучува и гардеробери со голем капацитет.
Доколку е потребно, можеме да обезбедиме и постелнина за корисниците на станот.
Со потпишаниот договор за изнајмување на станот, имате можност за бесплатно паркирање возило пред зградата и во целиот реон на нејзиното окружување, а добивате и маркица со која бесплатно можете да се паркирате и на сите паркиралишта во центарот на градот на ПОЦ.
ИЗДАДЕН.
ШИФРА 3045
Aerodrom centar kisela voda rasadnik karpos kozle taftalidze avtokomanda
аеродром центар кисела вода расадник карпош козле тафталиџе автокоманда