Издавање 800€ - Стан - издавање, Станбен Простор - издавање
Целосно опремен, луксузен стан со прекрасен поглед, со површина од 107 метри квадратни. Ориентиран север-североисток на 9ти кат. Станот располага со три спални соби опремени со висококвалитетни душеци. Класична спална соба со двоен лежај и две единечни спални (детски соби). Станот располага со две бањи опремени со када и туш кабина. Модерна кујна, комплетно опремена со сите кујнски апарати (машина за миење садови, фурна, плотна, аспиратор, микробранова, фрижидер, тостер, апарат за филтер кафе, комплет садови, прибор за јадење, итн.), изработена во висококвалитетни материјали (медијапан, црн гранит и оплеметета иверка). Дневната соба е опремена со аголна гарнитура изработена во природна кожа, комода, библиотека, две клуб маси, трпезариска маса со шест столици. Станот е опремен со две инвертер клима уреди со моќност за загревање и ладење на простор од 115 метри квадратни. Минимални трошоци за затоплување и ладење. Располага со тераса од 7 метри квадратни и помошна просторија (остава). Станот располага со паркинг место на 24 часовно обезбеден паркинг под видео надзор со рампа на простор пред зградата. Зградата има 24 часовно обезбедување и 4 лифта и беспрекорно оддржување на хигиена. Зградата е директно поврзана со City Mall и со сите негови соддржини. Во непосредна близина се наоѓа Веро маркет.
СТАНОТ Е ВЕДНАШ ВСЕЛИВ.
ШИФРА 6861
На следниот линк можете да ја видите целата понуда на наши огласи:
www.novagrup.com.mk
www.facebook.com/novagrup0
Aerodrom centar kisela voda rasadnik karpos kozle taftalidze avtokomanda кисела вода аеродром центар расадник карпош козле тафталиџе автокоманда